Заев прифати тет-а-тет средба со Мицкоски, ќе се одржи во понеделник

Премиерот Зоран Заев ја прифати понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тет-а-тет средба и таа ќе се одржи во понеделник.

„Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред“, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вечерва го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на Парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите... 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе