Три години по потпишувањето на договорот со Грција

Заев: Преспанскиот договор е модел и за други отворени прашања

„Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот и е модел за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичен на овој свет, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање“, вели премиерот Зоран Заев три години по потпишувањето на Преспанскиот договор со кој беше надминат спорот за името на нашата држава.

„На 17 јуни 2018 година во еден од најубавите предели на Европа, на тромеѓето на преспанските езера беше потпишан историскиот Преспански договор. Со Договорот од Преспа, се реши речиси тридеценискиот спор со Грција кој имаше сериозни негативни билатерални, регионални и мултилатерални импликации и кој светот го препознаваше како тежок и нерешлив проблем", напиша Заев на својот фејсбук-профил.

На потпишувањето на овој историски договор, како што нагласи, му претходеше процес низ кој се негуваше и градеше пријателство меѓу двете земји што беше еднакво важно како и решението кон кое се стремевме.

„Со тогашниот премиер Ципрас си рековме дека нема да го ставиме процесот во кутијата на црвените линии. Така прават пријателите, насочени кон решение, кон компромис. И дојдовме до решение. Тогаш кога сите тврдеа дека тоа е невозможно! Ставивме крај на еден спор. Ставивме крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите. Ние, јас и премиерот Ципрас, министрите за надворешни работи Коѕијас и Димитров, членовите на нашите влади, заедно со нашите соработници и со поддршката на Обединетите нации, на Европската Унија и со поддршката и на нашите заеднички стратешки пријатели, бевме одлучни дека ќе дојдеме до решение. По достоинствено и прифатливо решение за двете страни", напиша Заев.

Според него, денес од тој договор државата има само придобивки

„Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, а за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Сега имаме исклучително добри односи со Грција и придонесовме да зајакне регионална стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан", оцени премиерот.

Според него, Спогодбата од Преспа, заедно со Договорот за пријателство со Бугарија, го забрзала нашето интегрирање во НАТО и ги отстрани најголемите пречки за наша интеграција во ЕУ.

„Светот и меѓународната заедница оддадоа признание дека спогодбата од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Дека е модел за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичен на овој свет, но, дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање, нагласи Заев осврнувајќи се на тригодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе