СДСМ предложи пакет економски мерки

Заев: Премиерот, вицепремиерите, судии, обвинители, функционери...за април и мај со минимална плата

СДСМ подготви нов огромен пакет економски мерки и ги приложи кај Владата, со цел да им се помогне на компаниите, работниците, на бизнисот и на граѓаните, а главната цел е да се одржи јавната и приватната потрошувачка, соопшти лидерот на партијата, Зоран Заев.

Мерките, според Заев се околу 200 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството. За приватните фирми државата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај, а фирмите ќе треба сами да си ги платат придонесите за плати и персоналниот данок.

„Сите функционери и раководители одат на минимална плата. Пратеници, премиерот, вицепремиерите, судии и обвинители за април и мај ќе земат минимална плата. Исто така и јавната администрација и на државно и на локално ниво. Оваа мерка не важи за лекарите и медицинскиот персонал, за полицајците и војниците“, рече Заев.

Претседателите и членовите на советите на општините, како што најави ќе работат без надомест, исто како членовите на управните одбори, а парите ќе одат во фондот за борба против коронавирусот.
Лицата без работен ангажман или биле дел од неформалната економија, пак, за април и мај ќе добиваат по 7.000 денари по семејство.
СДСМ предлага одложување на кредитите на граѓаните и на фирмите погодени од кризата за три месеци, како и забарана фирми да одат во стечај во овој период.
СДСМ предлага помош и за медиумите, односно минимална плата за вработените за април и мај.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе