Ресен

Заев: Преговорите ќе почнат до крајот на годината, вечерва на ЦО на СДСМ ќе има пријатни изненадувања

Премиерот Зоран Заев очекува на претстојниот Совет на Европската Унија да биде потврдено она што ЕУ го верификуваше преку извештајот на Европската комисија за напредокот на државата.

„Нашиот народ и нашата земја го заслужија тоа“, изјави Заев, додавајќи дека очекува во септември или октомври земјата да добие датум за преговори, а кон крајот на годината да почнат преговорите.

Тој додаде дека ќе се причека германскиот Бундестаг да донесе одлука за старт на преговорите на Европската Унија со Македонија по што конечно земјата ќе добие датум за преговори.

„Драго ми е што имаме шанси до крајот на годината да бидеме полноправна членка на НАТО. Тогаш ќе почнат и преговорите со ЕУ така што можеме успешно да ја завршиме оваа година во поглед на интеграциските процеси“, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Преспа.

Заев најави и пријатни изненадувања на состанокот на Централниот одбор на партијата што попладне треба да се одржи во Охрид.

„Централниот одбор денеска треба да го избере Извршниот одбор на партијата, секретарите… Имавме консултации пред состанокот со заменик-претседателот и генералниот секретар, но мислам дека ќе има пријатни изненадувања кои се типични за левичарските партии и верувам дека тоа ќе биде убава кадровска импликација за да можеме да ги мотивираме и другите политички партии и општеството да се менуваме кон подобро“, изјави Заев.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе