Заев: Предлогот на Села беше неприфатлив

Премиерот Зоран Заев изјави дека предлозите за испразнетите министерски места се испратени до Собранието на Република Македонија и оти предлогот на Алијансата за Албанците за министерското место за здравство бил неприфатлив.

Во гостувањето на „Ноќно студио“ на телевизија Телма, Заев рече дека на никој од коалициските партнери не му следува министерство по проритет и оти Алијансата за Албанците го добила министерството за здравство поради Арбен Таравари. 

Заев оцени дека станува збор за незгодна ситуација имајќи ја предвид целокупната соработка со Зијадин Села и тоа што Села бил заедно со него на 27 април, но оти како премиер има поголема одговорност.

За предлогот за министер за здравство да биде назначен Венко Филипче, премиерот Заев смета дека станува збор за човек што ќе ги спроведе реформите во здравството. 

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе