Заев пред посетата на Софија: Ако постигнеме решение супер, Бугарија е должна и треба да нѐ поддржи

За македонскиот јазик и идентитет не разговараме и тоа воопшто не е на маса, туку разговараме за португалскиот предлог којшто апсолутно води грижа за нашиот македонски јазик и македонски идентитет и истовремено води грижа и за бугарските позиции, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања пред утрешната посета на Софија, тој рече дека португалскиот предлог е навистина инвентивно и креативно решение за кое што вреди да се потрудиме и го оцени како навистина квалитетен и за двете страни.

„Нашата официјална позиција е дека е добра основа за постигнување на решение, а иста е и бугарската официјална позиција. Ова треба да го искористиме. Ако се постигне решение супер, ако не се постигне, сигурно ќе е позитивен исчекор кон изнаоѓање на решение веднаш штом ќе се формира политичката влада“, вели Заев.

За утрешната посета на Софија тој кажа дека е должен прво на граѓаните да им ги каже своите лични очекувања, бидејќи не сака ниту за себе ниту за народот да ги зголемува очекувањата од тоа што е реално.

„Зошто е реално? Заради тоа што во Бугарија нема ниту Парламент, ниту има политичка влада. Фала богу има желба за разговор и затоа ќе ја искористиме таа желба за разговори од страна на бугарската влада и ние ќе ја направиме утре посетата Бугарија каде што ќе се видиме и со лидершипот на повеќе политички партии, најголемите… Се надевам тие ќе го прифатат тоа, а ќе се видиме со премиерот и со претседателот на државата и сите важни носители на одговорните функции“, рече Заев.

Првата шанса за датум за меѓувладина конференција е на 22 јуни одосно 24 и 25 јуни кога се одржува Европскиот совет. На 6 октомври, посочи Заев, е закажан Европски совет за Западен Балкан во Словенија за време на словенечкото претседателство, што е следна шанса за нас.

„Потврдивме дека заслуживме и повеќе од тоа, туку како што реков повеќе од јасно е дека ЕУ се чувствува должна затоа што не испорачала, ние испорачавме сѐ. Ние ја крепиме агендата на борбата против сите, би ги нарекол, меморандуми за промена на граници или етнички територии токму преку Северна Македонија и нашето едно општество за сите и мултиетничка, мултирелигиозна функционална демократија и сме пример на европскиот континент за тоа. Пример сме и преку европскиот начин на решавање на проблемите во регионот. Пример, најдобри сме и во реформите и тоа како нашиот народ заслужил да добие прва меѓувладина конференција која што реков,  е само получекор во нашиот пат кон европската интеграција“, истакна Заев.

Пред утрешната посета на Софија, Заев го поздрави бугарскиот народ и нивните сегашни и идни лидери кои, како што рече, секогаш во првите реченици на сите нивни соопштенија стои Бугарија останува посветена на интеграциите во ЕУ на Република Северна Македонија, што е добро.

„И навистина сме пријатели и братски народ и тоа треба да го покажат на дело. Јас разбирам дека и браќата понекогаш може да се скараат. Но, дефинитивно Бугарија е должна и треба да ја даде поддршката на Северна Македонија затоа што само на тој начин нашето пријателство ќе расте, нашата соработка ќе расте, ќе не почитува Западна и Северна Европа уште повеќе ако бидеме уште посоработливи и наоѓаме повеќе начини како да го зголемуваме тоа што значи секојдневие во соработката и на нашиот народ и на нашите компании, така што тоа се придобивки и за бугарскиот и за македонскиот народ. И верувам дека ќе бидат паметни политичари од двете страни да изнајдат вакво решение“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој потсети дека Бугарија смета дека не сме доволно ефикасни во реализацијата на Договорот за пријателство и добрососедство и соработка со нив и бараат конкретни гаранции. Заев рече дека сите сме свесни дека после Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија се разговараше и за Преспанскиот договор. Следуваа уставните промени, референдумот, претседателски избори и пандемијата.

„Голем дел од работите се реализирани во паралела многу повеќе од каде било во светот после вакви договори. Но, нивно право е да кажат дека сакаат уште подинамична реализација на овој договор. И ние сакаме. Ние сакаме ако може уште утре да ја пуштиме пругата која што поврзува Куманово – бугарска граница со Софија па тера до Истанбул. И ние сакаме уште утре, како што го пуштивме делот од Коридорот 8 Скопје – Миладиновци – Свети Николе – Штип, па од Штип до Кочани, од Кочани – Делчево – Берово – Клепало изградено комплетно истото тоа да го имаме и према Крива Паланка. Работиме на тоа и верувам дека интензитетот во иднина ќе биде уште подинамичен“, рече Заев.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе