Пред средбата со амбасадорот Баздникин

Заев: Пранковите се приватни работи, не се акт на Руската Федерација

Премиерот Зоран Заев разговарал со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, а денеска по отворањето на 31. бензинска станица на Лукоил во државата ќе има и состанок со него, а како што рече, средбата била закажана уште пред десетина дена и не е поврзана со неговиот телефонски разговор со руските пранкери, кои му се претставија како Петро Порошенко и Јенс Столтенберг.

„Ние имаме редовна комуникација со сите амбасадори. Оваа средба е закажана уште пред десетина дена. Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели, зајакнување на таа соработка на економски и на секаков план“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали досега разговарал со Баздникин за телефонските разговори со лажните Порошенко и Столтенберг, во кои меѓу другото кажал дека српскиот претседател Александар Вучиќ е под влијание на Русија.

Заев додаде дека тој се залага за пријателство и унапредување на регионалната соработка и оти во разговорите со руските пранкери тоа било потврдено. Исто така кажа дека се залага за решавање на косовското прашање по примерот на Преспанскиот договор и оти посакува просперитет на Албанците и на сите граѓани кои живеат на Косово.

Според него, познато е дека Русија не сака Северна Македонија да биде членка на НАТО, но не поради самите нас, туку поради тоа што е против проширувањето на Алијансата.

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе