Премиерот за одговорноста за пожарот во модуларната болница

Заев повтори: Одлуката за оставката на Филипче ќе ја донесе по форензичките резултати

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека врз основа на експертскиот професионален форензички извештај од истрагата за причините за пожарот во тетовската модуларна ковид - болница ќе ја донесе одлуката во врска со оставката што му ја понудил министерот за здравство Венко Филипче, со што остана на својот став искажан минатата недела. Заев нагласи дека не мисли оти цела Влада треба да пондесе оставка. 

„Извештајот ќе влијае конечно како да ја донесам одлуката“, рече Заев и додаде дека засега тој нема информации од истрагата.

Заев како високоморален  чин ги оцени оставките на министерот Филипче и неговиот заменик Илир Хасани. Филипче, како што нагласи, редовно доаѓа на работа.

Премиерот повтори дека пожарот во модуларната болница е голема трагедија и вели дека и тој реагира како секој обичен човек.

„Тешко ми е како и на сите граѓани, се случи страшна трагедија, се разбира најтешко им е на семејствата. Јас сум само обичен човек и јас чувствувам. Немам информација до каде е истрагата. Знам дека експерти форензичари од МВР работат заедно со тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, имаме и експерти од Германија. За мене е важно да има брз резултат и да ги добиеме сите одговори“; рече Заев.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе