Заев повика институциите да го зголемат бројот на нововработени лица со попреченост

Нашето општество навистина треба да се ослободи од стигмата и дискриминацијата кон лицата со попреченост, но и кон сите останати кои на овој или оној начин се разликуваат од нас, порача денеска премиерот Зоран Заев на меѓународната научно-стручна конференција „70 години организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија".

Како покровител на конференцијата што се одржа во Битола, Заев потсети на примерите за директна вклученост и работа во јавни институции на лица со попреченост и повика, сите институции да го зголемат бројот на нововработени лица со попреченост во двата сектора.

”Повикувам на зголемување на свесноста на целокупното општество за овие луѓе. Тие се исти како и сите нас, само им е потребна поголема поддршка за да може и тие да се школуваат, а потоа и да се вработат. Бидејќи се мали примерите каде јавни и други институции вработуваат лица со попреченост, ја користам оваа прилика и упатувам насоки да се вработат колку што може повеќе лица со пречки во развојот, а тоа значи сите владини институции по вертикала надолу тоа да го направат”, изјави Заев, додавајќи дека пораките треба да бидат пораки на заедништво, за прифаќање и почитување на различностите.

На меѓународната научно-стручна конференција во Битола се обратија и владините министри Мила Царовска, Арбр Адеми и Венко Филипче.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска потсети дека социјалната реформа е во тек и оти таа е сеопфатна.

Министерот за образование и наука Арбр Адеми, пак, најави ново законско решение за основното образование кое, како што рече, дава предност и предвидува повеќе новини поврзани со едукацијата на учениците со попречености. Со новиот закон, според него, предвидено е дополнително да се ангажираат и да работат и образовни асистенти, со што ќе се зголеми стапката на инклузија во сите училишта.

Пораки за заедничка активност и конкретни проекти на меѓународниот собир во Битола упати и министерот за здравство Венко Филипче и најави создавање услови за поголема и посоодветна пристапност на лицата со попреченост до здравствените установи.

Меѓународната научно-стручна конференција „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија" завршува в сабота, до кога ќе бидат презентирани сите научни трудови публикувани во Зборник.

 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе