Љупчо Николовски повеќе нема да биде министер

Заев потврди: Разрешени се извршниот одбор, потпретседателите и секретарите на СДСМ

Целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координаторката на Форумот на жени се разрешени вечерва на седницата на Централниот одбор на СДСМ.

Ова го соопшти лидерот на партијата и премиер Зоран Заев по завршувањето на седницата, заблагодарувајќи им се на сите за вршењето на досегашните функции во партијата.

Премиерот информира дека за нов генерален секретар е избран Љупчо Николовски и дека тој повеќе нема да биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Ветивме промени и се случуваат. СДСМ вечерва демонстрираше сериозна одговорност пред граѓаните и сопствената земја. Донесовме одлуки што носат суштински промени“, изјави Заев.

Тој додаде дека оваа одлука е сериозен израз на одговорност, на „восприемчивост од пораките на граѓаните и наши амбиции за нашето подобрување. Тргнавме од сопствените редови. Знаете, донесов одлука за разрешување на претседателите на општинските организации. Продолживме и понатаму вечерва“, рече премиерот и лидер на СДСМ.

Според одлуката, разрешени се Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ, организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на жени, и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.

Заев најави дека продолжуваат консултации за поставување нови луѓе на овие функции и истакна дека сега е време на уште поголема иницијатива на СДСМ и дека целиот фокус ќе биде кон подобрување на животот на граѓаните.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе