Заев потврди

Ангеловска ќе биде нов министер за финансии, избрани се пет потпретседатели на СДСМ

Премиерот Зоран Заев по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ соопшти дека утре до Собранието ќе достави предлог за нов министер за финансии. За оваа позиција е предложена Нина Ангеловска.

Заев најави дека ќе ја предложи Нина Ангеловска, коосновач на Групер за нов министер за финансии, додека Елизабета Наумовска ќе биде номинирана за заменик министер за образование и наука. Актуелниот заменик – министер за економија Кире Наумов ќе ја предводи Банката за развој, а Кире Колемишевски ќе биде новиот заменик – министер за економија.

Премиерот рече и дека Неџат Мехмедовиќ ќе биде заменик – министер за политички систем и односи меѓу заедниците, со што преку учество на таа позиција шанса добива бошњачката заедница.

„Пораката е, млади, работете, ангажирајте се, бидете видливи, борете се во оваа наша земја еве и високите позиции се достапни за сите граѓани. Јас верувам во нејзиното 8 годишно искуство да биде оснивач, да направи едена вакава преспективна компанија во модерните технологии којашто дефинитивно е препознаена не само дома, туку во целиот регион и пошироко, ја испраќа пораката дека навистина вреди да се заземете дома, токму дома, а не надвор од Македонија, а секако општеството знае да препознае и да даде шанса секој да се вгради низ институциите на системот и да придонесе во севкупниот раст, развој, осовремување и модернизирање на целокупното наше општетсво и нашата земја“, изјави Заев.

На Централниот одбор на СДСМ избрани се пет потпретседатели на партијата.

Тоа се: Мила Царовска, Коста Петров,Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири, соопшти вечерва по ЦО претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.

На чело на комисијата Едно општество за сите застанува Ѓулумсере Касапи.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе