Избори

Заев потврди дека оставката е подготвена и чека потпис на 3. јануари

Зоран Заев потврди дека неговата оставка од премиерската функција е подготвена, треба само да се потпише на 3. јануари. 

Оставката на премиерот Зоран Заев е подготвена, чека само на потпис, а премиерот има свој фаворит за технички премиер, но денеска не сакаше да го каже неговото име пред предлогот вечерва да помине низ процедурите на партиските тела. Тој и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ утре на лидерската средба ќе разговараат за кадровските решенија за новата техничка влада, други теми не се предвидени, но доколу постои взаемен интерес може да се отворат.

Тој денеска одговорајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со министерката за правда Рената Дескоска посветена на отпишувањето камати за долгови дадени на извршување, во врска со можноста да се одложат изборите истакна дека е задоволен од разумноста на Парламентот дека до Нова Година, а според некои најави и денеска ќе бидат усвоени сите закони кои имаат импакт од 1 јануари.

Нагласи дека ако Парламентот си стои на зборот нема потреба од одложување на изборите.

„На 3 јануари јас ќе ја поднесам мојата оставка и верувам дека истиот ден ќе може да се даде мандатот на новиот претседател на владата за да може истиот ден да се избере и да ги запазиме роковите. Оставката е подготвена чека на потпишување“, рече Заев.

Фаворит за технички премиер има, вели тој е овластениот предлагач, но ја почитува партиската демократија и ќе ги почека одлуките на Централениот и Извршниот одбор, кои ќе бидат донесени денеска на попладневните седници.

„Да ги почитуваме политичките институции кои одлучуваат за вакви прашања, вечерва ќе се знае кој ќе биде технички премиер, потпретседател за економски прашања, двајцата заменици министри со право на вето“, рече Заев.

Во врска со утрешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека таа е на барање на Мицкоски, бидејќи тоа е согласно законот за Влада.

„Должен е како лидер на најголемата опозициска партија да ги консултира двете најголеми владејачки политички партии. Тој доаѓа во Владата, ќе разговараме за новиот министер за внатрешни работи во техничката влада, но и за другите кандидати. Потоа обврската ќе ја реализира со лидеротг на втората по големина владејачка партија“, истакна Заев и додаде дека темата е техничката влада, но ако има взамене интерес може да се отворат и други прашања

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе