ОД САРАЕВО

Заев: Потписите се обезбедени, новата влада ќе биде формирана во март (ВИДЕО)

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, од Сараево порача дека новата влада ќе биде формирана за 10-15 дена и ќе биде предводена од македонските социјалдемократи. 

На новинарско прашање дали тој ќе биде идниот премиер на Македонија, дали има договор со ДУИ и дали е тоа готова работа, Заев рече дека знае оти синоќа раководството на ДУИ донело одлука да ги обезбедат потписите и да ги дадат.

„Од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да обезбедиме потписи за да ни биде даден мандатот, иако по нашиот Устав тој треба да го даде веднаш мандатот. Сега се веќе обезбедени потписите за давањето на мандатот, јас верувам дека остануваат мал дел од преговорите околу формирањето на Влада, заради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната владина програма, платформата на социјалдемократите, платформата на албанските политички партии, законот за употреба на јазиците се усогласени.

Тоа беа суштествените работи, останува да седнеме со претседателите на другите партии да се договориме за ресорите, за кадрите во делот на владата и верувам дека за некои 10-15 дена Македонија ќе има нова влада предводена од социјалдемократите“, изјави Заев во Сараево каде што треба да ја прими наградата за најдобра градоначалник во Југоисточна Европа.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе