Социо-еколошки форум во Скопје

Заев: Посветени сме на зелената агенда, целта ни е здрава животна средина и нови работни места

Поставување на енергетските политики на стабилно долгорочни основи базирани на чиста, зелена енергија, создавање услови за одржлив раст на економијата, здрава животна средина и нови работни места е една од главните заложби на Владата, изјави денеска премиерот Зоран Заев во обраќањето на Социо-еколошкиот форум што се одржува во Скопје.

Според Заев, новиот Закон за енергетика е целосно услогласен со ЕУ и Енергетската заедница и овозможува реализација на новата стратегија за енергетиката до 2040 година и националниот план за клима и енергија, а донесена е нова легислатива и усогласена е со регулативата на ЕУ како поддршка на инвестициите во фотонапонските централи и ветерниците.

„Тоа веднаш беше препознаено кај странските инвеститори кои веќе ги зваршуваат своите проекти во земјава. Ние сме земја на сонцето, но за жал во минатото тоа не било доволно користено. Но, во изминатиоте четири години се градат огромен број капацитети. Се реализираат проекти од 30 милиони евра за фотонапонски централи со вкупно 62 мегавати. Во Осломеј на стариот јагленокоп реализираме 110 мегавати волтаици, 10 мегавати само како држава, и два пати по 50 мегавати со јавно-приватно партнерство. Вкупната вредност е 67 милиони евра, а условот беше по еден вработен од мегават да преземат приватните инвеститори. Тоа значи дека 100 вработени ќе преминат во новите фотоволтаични централи. Во Богданаци, Свети Николе и Демир Капија имаме по 36 мегавати ветерници, вкупно 108 мегавати. Завршени се сите постапки и тие се во почеток на градба. На стариот аеродром во Штип со француска компанија се реализира 360 мегавати фотонапонски централи вредни 200 милиони евра. Со германска компанија во Кумановско, Крива Паланка и Старо Нагоричане се прават 415 мегавати ветерници, проект вреден 500 милиони евра”, рече Заев.

Исто така, се работи и на трансформација на ТЕЦ Неготино од мазут на гас, а потоа на хидроген, од 220 мегавати, вредни 60 милиони евра. Грчката компанија Митилиенеос ги завршила сите подготовки за втора гасна централа во Скопје, проект вреден 100 милони евра со 110 мегавати и со топловодна мрежа за покривање на една третина од главниот град.

„Влеговме во проектот во Александрополис за изградба на голем гасен терминал вреден 600 милиони евра, како и 800 мегаватна гасна централа во која Северна Македонија ќе учествува со 25 проценти. Во Штип во областа Три чешми се водат преговори за изградба фотонапонска централа од 450 мегавати, вредна 280 милиони евра. Во Битола на местото на трите блока на јаглен каде сега се произведува 72 отсто од домшната електрична енергија, се планира изградба на два пати по 200 мегавати гасна централа и дополнителни 160 мегавати фотонапонска централа. Еден од најголемите проекти е Чебрен со Орлов мост, проект вреден 700 милиони евра со 350 мегавати. Обезбедена е и доплнителна локација за 50 мегавати кај Миравци. Потпишан е договор до ЕУ и ЕБОР за „гас транзишн" за транзиција на јаглените региони”, кажа Заев.

Како поттик за инвеститорите, го наведе и новиот Закон за стратешки инвестииции. Секој што ќе вложи над 50 милиони евра во обновлива енергија ќе може да постигне директна спогодба со Владата што ќе се преточи во закон, со што, како што посочи, се добива брза трака за реализација на инвестицијата.

„Посветени сме на зелената агенда. Создаваме услови за инвестирање, нови работни места и здрава животна средина со безбедна иднина. Градиме инфраструктура од 140 милиони евра за хидриоген и природен гас, со интерконектор со Грција и физибилити студија со Косово и Србија. По 10 милиони инвестираме во инвертер клими за откажување од фосилни горива. Сите јавни институции до 2025 треба да преминат на гас или на инвертери и други обновливи извори на енергија. Се работи и на проекти за енергетска ефикасност”, рече Заев.

На првиот Социо-еколошки форум што се одржува денеска во Скопје учествуваат регионални и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари и дискутираат за чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе