На својот Фејсбук профил

Заев: Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени

Радувај се Македонијо! Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени, порача премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил во врска со одлуката, која ја донесоа денеска на првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел, лидерите на земјите-членки да ја поканат Македонија да ги почне преговорите за пристапување.

„Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат покана Република Македонија да го започне пристапниот процес за членство во Алијансата. Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми“, нагласи премиерот.

Тој истакна дека денеска е голем, историски ден за Република Македонија.

„Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести и во периодот пред нас, во интерес на сите граѓани на нашата земја“, додаде премиерот, кој гостува како говорник на конференцијата NATO Engages во рамки на Самитот во Брисел.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе