Заев: Пораката од гласачите е примена, „чистка” ќе има после изборите

Пораката на гласачите од првиот круг за претседателските избори е примена и прифатена и секако ќе реагираме, но да дадеме шанса на нашата држава, рече денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи ги изборните резултати.

„Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери. Некои се оттуѓија од народот, други не ги извршија очекувањата. Најавив чистка, реконструкција, но од почетокот на распишување на изборите до завршување на изборите е забрането”, рече премиерот Зоран Заев. 

Тој најави дека ќе почека по завршување на изборите, да ја спроведе најавената реконструкција и смена на некои од министрите и функционерите, но не не сакаше да открие кои ќе бидат првите министри што ќе бидат сменети.

Според него, прашањето на името и Договорот од Преспа не се причини за неисполнување на нивните очекувани резултати затоа што на референдумот излегле 669.000 граѓани, а „за” гласаа 609.000 граѓани.

„Зошто еден дел од гласачите одлучија да апстинираат, а се гласачи поддржувачи на 31-та партија и на концептот на Стево Пендаровски. Одлучија преку седење дома да испратат порака на незадоволство кон власта, оти тие ако се откажале од нашата поддршка ќе ги дадеа своите гласови за опозицијата, односно за кандидатот Сиљановска Давкова. Како што гледате и Христијан Мицкоски со своите политики е делегитимиран затоа што има пад со повеќе од 10-тина отсто од вкупниот број на гласовите од последните избори и не акумулира дополнителен број на гласови, а нашите разочарани гласачи дефинитивно ја испратија пораката која излегува како врв на таа анализа, а тоа е дека се разочарани од одредени функциониери, од одредени политики кои мора да бидат коригирани и во делот на политиките и во делот на функционерите, односно не така одговорно, често и достоинствено сите им служат на своите граѓани”, одговори Заев на новинарско прашање.

Тој нагласи дека досега не е разговарано со коалициските партнери за евентуални промени или реконструкција на Владата, како и дека досега имал различни понуди од функционерите, дека има впечаток, но сето тоа ќе се решава по изборите, и во надлежните институции.

На новинарско прашање рече дека не верува дека опозицијата ќе бојкотира, а вели, тврди одговорно дека власта нема да бојкотира.

опозоцијата да не бојкотира. Што се однесува пак до поголема поддршка од ДУИ во кампањата за вториот изборен круг, Заев рече дека имаат право да ги очекуваат гласовите на сите помали етнички заедници, меѓу кои и на Албанците.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе