форумот „Две години Влада – одговорно пред граѓаните"

Заев порача да растат транспарентноста, отчетноста и да има солидарност

Проверете во фиоките кои предмети не ви се решени. Видете ги сите предметите за кои сте рекле „не" како може да им кажете „да" на граѓаните. Да растат одговорноста, транспарентноста и отчетноста, апелираше премиерот Зоран Заев до министрите, директорите и до јавната администрација по прашањата упатени денеска откако заврши првата сесија на форумот „Две години Влада – одговорно пред граѓаните", на која се обратија и заменичката на претседателот и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик на претседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заменик на претседателот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик на претседателот на Владата заедолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

На бизнис заедницата им порача дека сега е вистинскиот момент.

„Носете одлуки за инвестици, работниците мора да ја зголемат продуктивноста, земјоделците сега треба да ги донесат одлуките. Здравствените работници – поголема грижа, поголема отчетност, јавна плата примате, а ние сите сме пациенти. Образованието мора да оди напред. Мора ние како држава и општество да направиме квантен скок, порача меѓу другото Заев.
Потенцира дека треба да им се даде шанса на судиите. Им порача дека не должат никому. – Делете правда за сите“ , рече Заев.

Истовремено мора да има солидарност. Еднаков кавлитет за живот за сите граѓани и фер шанса за сите граѓани, истакна премиерот Заев.

Со форумот „Две години влада – отворено пред граѓаните", Заев, заедно со останатите заменици претседатели и министри во Владата, денеска и овозможи на јавноста и граѓаните да ги изразат своите мислења, коментари, сугестии, предлози и критики за работата и политиките на владата.

Форумот беше поделен во два дела „Промени 2017 – 2019" и „Агенда 2019 – 2020", а свои излагања имаа Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Oсмани и Кочо Анѓушев, кои во првата сесија ги издвоија најзначајните остварувања од Програмата на Владата.

Во обраќањето во кое говореше за најважаните постигнувања на Владата, Заев истакна дека за одбележување на двегодишнината од работата на Владата, говорат одговорите на прашањата каде бевме и кон каде сме упатени, како држава, како општество, како граѓани.

„Кога ги презедовме сите иницијативи, прво како опозиција, а потоа како носители на власта, реков дека единственото нешто што не интересира и што секогаш ќе биде наш приоритет, ќе биде иднината, и дека на светот ќе му дадеме еден друг Балкан. Балкан на земји кои ги оставиле зад себе предрасудите и историските концесии и кои се свртени кон благосостојба на своите граѓани, кон градењето добри и пријателски односи со своите соседи“, нагласи Заев.

Потенцира дека за неполни две години се решени сите отворени прашања со соседите, а ја презеле и одговорноста да го решат спорот со Грција.

„Наша одговорност и должност беше да го зачуваме идентитетот македонски. Го зачувавме, и го потврдивме и го зајакнавме. И светот го препозна тоа. Ни оддаде признанија. Не препознаа како рамноправен партнер, како фактор во регионот, во Европа и во светот, и оваа година го добивме најпозитивниот извештај до сега откако сме држава кандидатка за членство, со чиста, и безусловна препорака на Европската комисија за почеток на преговорите за членство. За тоа заслужуваме да се израдуваме и да си честитаме сите. Сработивме многу и имаме резултат“, потенцираше премиерот Заев.

Истакна дека дводневниот состанок на Северноатлантскиот Совет на амбасадорите и на постојаните претставници на земјите членки на НАТО, со кој ќе претседава генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој ќе се одржи утре во Скопје, е големо признание и чест како на земја која ги оди последните чекори до полноправно членство во НАТО.

Концептот „Едно општество за сите", подвлече, е модел за нашата заедничка иднина кој започнува со почитувањето на сите заедници – мозаик во кој различните култури се почитуваат, соработуваат, се надополнуваат и меѓусебно се збогатуваат.

Тој додаде дека оваа Влада ги активирала сите потенцијали за да обезбеди праведна држава и социјална сигурност затоа што, додаде, веруваме во инклузивно општество, еднакво општество кое што дава шанса и се грижи за секој поединец.

„Пакетот закони за социјалната реформа сега е комплетиран и во сила, и го овозможува спроведувањето на придобивки од непосредна важност на стотици илјади граѓани на нашата земја. Социјалната помош е зголемена за 300 проценти. Ги враќаме парите на граѓаните таму каде што се најпотребни – кај најсиромашните, и активираме и услуги коишто на овие наши граѓани ќе им отворат шанси за вработување и трајно решавање на нивниот социјален статус“, истакна Заев.

Претседателот на Владата рече дека структурните промени, вредносните промени, парадигмата за нашата земја нема да се променат ако не биде поткрепена со силна, реална економија.

Со планот за економски раст поддржуваме нови инвестиции, и отворање на нови подобро платени работни места. Имаме нови рекорди во бројот на странските инвестиции, и нивната вредност. Ја намаливме невработеноста под психолошката граница од 20 отсто. Тоа се потенцијалите за подобар живот за сите, нагласи премиерот.

Заев се задржа и на реформите во правосудниот систем со кои се создава чесно, независно и ефикасно судство за сите граѓани еднакви пред законот.

 „Еве само една од разликите од пред две години. Прв пат од нашата независност, покренати се кривични постапки за одговорност за злоупотреба на АКМИС системот. Сега претседателите не се дрзнуваат да распределуваат предмети под рака или на недозволив и незаконит начин, а круна на целокупната работа беше донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, и изборот на новата Антикорупциска комисија, што покажува дека навистина имавме искрена и добра волја во креирањето на законската рамка", потсети тој.

Премиерот Заев во обраќањето се задржа на политиките на отворена и отчетна влада, како столбови во борбата против корупцијата, на елиминирањето на сите можности за злоупотреба и контрола на медиумите, на менување на односите во администрацијата, за да обезбедиме квалитетни услуги за граѓаните, како и на квалитетни здравствени услуги со изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинскиот кадар, за негов развој во струката, за достојни плати.

Заев истакна дека создаваме држава со сосема извесна европска иднина, со повеќе надеж, благосостојба и просперитет за сите нејзини граѓани ослободени од стравовите, земја како пример кој блеска на Балканот.


За Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншки комитет, во следните две години оваа Влада треба да покаже дека има можности и капацитети да ги иммплементира донесените реформски закони. Според неа, во земјава импелентацијата на законите е најголемиот проблем.

„Треба да постои заложба да се направи реформа на свеста и културата на јавната администрација“, изјави таа.
Додаде дека говорот на омраза се уште е присутен, а во земјава имаме само една пресуда од пред неколку години.

Доколку не се справиме со говорот на омраза ќе се соочуваме со повеќе кривични дела од омраза, изјави Пировска.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе