Заев: Пописот го одложивме зашто така бараа Мицкоски и опозицијата

Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа, вели ремиерот Зоран Заев во изјавата споделена на неговиот фејсбук-профил.

Април, 2021 година, е датумот кога ќе се спроведе пописот, нагласува Заев.

Според него, пописот и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или слично.

Одговорност да се излезе на попис има секој граѓанин, смета премиерот.

„Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките кои ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот“, истакнува Заев. 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе