Нови Сад

Заев: Политичките лидери треба да обезбедат услови младите да учествуваат во промените

Политичките лидери од регионот треба да ги обезбедат сите услови со цел младите да го прифатат и да го предводат бранот на промени во своите земји и во регионот и да станеме конкурентен дел на Европа, истакна денеска премиерот Зоран Заев на завршната пленарна сесија на Четвртиот форум за младинско лидерство, што се одржа во Нови Сад, насловена „Западен Балкан во 2030 – Визии. Желби. Реалности."

„Трансформацијата почна да го менува регионот и создава услови да ги аплицираме и примениме европските стандарди во секојдневието и во комуникацијата меѓу народите во регионот“, изјави Заев.

Тој нагласи дека нема поубава порака за нашата иднина за десетина години, од овој собир на кој се собрани млади луѓе да испратат порака дека се охрабрени и мотивирани и дека сакаат активно да учествуваат во креирањето на сопствената иднина во регионот и во Европа.

„Регионот се менува и тоа е незапирлив процес, а младите треба да се двигатели на тие промени. Не може да чекаме некој друг да ни помогне“, нагласи премиерот Заев.

Тој потенцираше дека политичките лидери треба да ги обезбедат сите услови младите да учествуваат во изнаоѓањето решенија за предизвиците и проблемите со кои се соочува нашиот регион и Европа.

„Сите сме охрабрени од потенцијалот на нашиот регион да произведува соработка, добри вести, реформи и решавање на проблемите, како и од пријателствата што ги имаме ширум Европа и светот. Сите сме силно мотивирани да направиме повеќе од нас и за нас, за да му докажеме на целиот свет дека национализмот, конфликтите и проблемите се зад нас, а прогресивниот дух, желбата за соработка и решавање на заедничките проблеми се пред нас“, рече Заев.

Осврнувајќи се на одлуката на Европскиот совет да не им биде овозможен старт на преговорите на нашата земја и на Албанија, премиерот Заев оцени дека таа имаше силно негативно влијание во целиот регион, потенцирајќи дека сепак тоа не смее да влијае на мотивацијата за трансформацијата на општествата во земјите на Западен Балкан и дека реформите и промените согласно европските стандарди треба да добијат уште поголема динамика.

„Пред неколку години тешко седнувавме на маса, а сега покренуваме заеднички иницијативи, соработуваме, си помагаме и се изградија видливи пријателства. Тоа го правиме преку Берлинскиот процес и Регионалната економска област. Но, тоа го правиме и преку процесот за напредна регионална соработка која ја инициравме со (српскиот) претседател Вучиќ и (албанскиот) премиер Рама. Направивме искрена и корисна иницијатива отворена за сите од регионот. Низ дијалог, пријателство, низ соработка, со шанса за младите ќе ги забрзаме развојните процеси во овој дел на Европа интерес на младите“, нагласи премиерот Заев на завршната пленарна сесија „Западен Балкан во 2030 – Визии. Желби. Реалности“. 

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе