За БГНЕС

Заев: Политичарите од бивша Југославија ги држеа разделени Македонците и Бугарите

Во Меморандумот што треба да биде одобрен од двете меѓувладини комисии стои дека немаме територијални претензии кон Бугарија и дека нема да се мешаме во внатрешните работи на земјата, вели премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

„Ние испративме документ, којшто не е за премиерот Борисов или за министерката за надворешни работи Захариева, туку за Бугарите и за Македонците, за да знаат што се случува. Во него напишавме дека немаме територијални претензии и дека нема да се мешаме во внатрешните работи. Во тој документ јасно пишуваме дека немаме ‘малцински‘ претензии. Тој меморандум треба да биде одобрен од двете меѓувладини комисии. Владата на РС Македонија ќе го објави во Службен весник. Кон Договорот предложивме и патоказ во кој взаемно се обврзуваме да го исполниме сето тоа“, вели Заев.

На забелешката дека опозицијата надвор зборува едно за Договорот, а во Македонија друго, Заев одговара дека тоа го правеле и кога биле на власт, а го прават и сега како опозиција.

„Ние постигнавме Договор со Бугарија, го постигнавме Преспанскиот договор со Грција. Ги решивме прашањата меѓу двете најголеми заедници во земјата, Македонците и Албанците. Тие не учествуваа во ништо и само создаваа проблеми. Нивната позиција е ‘колку полошо за државата, толку подобро за нивната партија‘.Секаде ги канам, им ги приложувам сите можни аргументи и информации само за да застанеме заедно во интерес на државата. Деновиве Антонио Милошоски, Христијан Мицкоски и Александар Николоски повторно напаѓаат“, изјави Заев.

Тој уште кажува дека веќе се сменети повеќе од 20 табли во Македонија, на кои што пишувало „бугарски фашистички окупатор“ и дека Бугарите не се фашисти, туку наши пријатели. Заев додава и дека за време на Втората светска војна Бугарите на почетокот биле администратори, но потоа се приклучиле на антифашистичкиот фронт, па бугарските и македонските војски заедно ги ослободиле Крива Паланка, Куманово и Скопје.

Според него, политичарите од бивша Југославија ги држеле Бугарите и Македонците разделени.

По изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека Бугарија е „живковистичка“ држава, и забелешката дека тој веројатно знае оти Тодор Живков повеќе од 30 не е на власт, Заев го правда Пендаровски дека е пријател на Бугарија, иако не е толку искусен политичар како него. Но, вели Заев, тој целосно е посветен на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и се разбира на интеграцијата во НАТО и во ЕУ.

„Претпоставувам дека понекогаш и јас, не само тој, не сме доволно внимателни при употребата на зборови. Ви кажувам отворено дека во неговата душа и  во умот му е единствено желбата за големо пријателство кое треба да гпо доизградиме и е голем приврзаник на Договорот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија“, вели Заев.

 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе