Локални избори

Заев поднесе оставка и од премиерската функција и од лидерската на СДСМ

Зоран Заев на вечерашната прес-конференција го призна поразот на локалните избори и објави дека поднесува оставка од функциите премиер и претседател на Социјалдемократскиот сојуз.

Во обраќањето рече дека од името на СДСМ им ја честита победата на противниците и ја презеде одговорноста за резултатите на изборите.

„Им честитам на сите градоначалници. Горд сум што заедно ја внесовме земјата во НАТО, лани добивме одлука за почеток со преговорите со Европската Унија и верувам дека имаме шанси да отпочнеме преговори за неколку месеци. 

Си го обединивме нашиот мултиетнички народ и економски видливо го зајакнавме и покрај пандемијата која што владееше. Спроведовме успешен попис, изградивме историско пријателство со сите наши пет соседи, со договорени стратешки партнерства. 
За нас прогресивните кои веруваме и им се радуваме на овие историски успеси, за жал дојде политичка казна. 
 
Должност ми е да искоментирам дека на овие избори беа видливи многу пари на терен кај опозицијата, дојдени доминантно од надвор, а дадени заради политички, но и заради економски причини. А дел од големите пари ги добија и од домашни бизнисмени, пред сѐ газди на градежни компании, заради идни лични финансиски интереси и планови. Жалам што сите овие пари се значајна причина за ваквиот резултат на изборите. 
 
Исто така, сакам да споделам разочараност кај мене, а верувам и кај огромен број граѓани, затоа што мнозинството од народот кој гласеше заедно со сите тие што останаа дома, ги избраа истите луѓе и политичари кои пред 4 години само во парламентот пред очите на целата јавност сакаа и тргнаа да убиваат. 
 
Некои од тие насилници се дури и избрани за градоначалници и советници во скопските и другите општини. 
 
На овие избори видовме дури и сојузи помеѓу жртви и насилници од 27 април 2017 година. 
 
Се здружија жртви на насилството со насилниците од ВМРО-ДПМНЕ без било каков образ за власт и пари.
 
Сакав ова да го напоменам и споменам со единствена цел да остане забележано во паметењето на нашиот народ. Не е воопшто тешко заминувањето од политиката, тешка е помислата од одлуката на нашиот народ.  Но нејсе. Јас сум недвојбено убеден дека заедно со прогресивното граѓанство сум донел слобода и демократија во земјава наша, а кога е слобода и демократија правилото е дека треба да има и превземање на одговорност. Низ превземањето на таа одговорност сакам да оставам печат за да се учи народот и да расте во својот демократски капацитет, но и во својата граѓанска должност да води грижа за својата земја. Можеби не сум во право, ќе покаже времето, но според мене ред е граѓаните да подржуваат политичари кои имаат храброст да носат тешки, но историски важни одлуки за добра иднина на својот народ и државата, без притоа тие политичари да се водат од својот политички рејтинг или да водат грижа за својата политичка фотелја“, рече Заев.

Тој, како што кажа, сепак, останува на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе