Откако пропадна лидерската средба

Нов текст на законот за ЈО, Рускоска ќе им биде шефица и на обвинителите од СЈО

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција по пропаѓањето на обидот за лидерска средба објави дека идната недела до Собранието ќе биде предложен нов текст на Законот за јавно обвинителство според кој, Специјалното јавно обвинителство како структура се интегрира во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и ќе го носи називот Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, а ќе го води обвинителката Вилма Рускоска.

Заев најави дека ќе се отвори дијалог за текстот на законот со сите партии и пратенички групи и кажа дека текстот ги вградува точките за кои досега се разговарало со опозицијата и кои биле барања на опозицијата, па се надева дека ќе бидат прифатливи за нив.

Според Заев, новот Јавно обвинителство ќе има надлежност на територијата на целата држава, а ќе му се гарантира самостојност во субординација со Јавното обвинителство.

„Сите обвинители од СЈО ќе продолжат да работат во новото Јавно обвинителство, а по завршувањето на нивниот мандат на 15 септември имаат право повторно да конкурираат“, рече Заев и додаде дека сите случаи пред судовите за кои е надлежно СЈО ќе ги води новото јавно обвинителство, при што сите вработени, архивата и средства од СЈО ќе преминат во новото обвинителство.

Објаснувајќи го текстот на новиот закон тој кажа дека откако специјалната обвинителка Катица Јанева ја депонирала оставката и од денеска кога го најави новиот текст на законот, не гледа причина за изговор од опозицијата да избегнува разговори за ова прашање.

„Денеска не се создадоа услов за консензус за лидерска средба и нема да се одржи. Покажавме дека не се прифатливи ултиматуми кои тргнуваат од позиција да штитат криминал. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одбија лидерска средба без никаков аргумент и разумно објаснување. Со месеци се обидуваме да постигнеме компромис за Законот за Јавното овбинителство.. Во изминатиот период не наидовме на искрен пристап и разумен  дијалог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со неразумни барања за законот“, рече Заев.

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе