Објавено писмото до Вселенскиот патријарх

Заев побарал патријархот Вартоломеј да го реши црковното прашање на Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека во писмото што го испратил до Вселенскиот патријарх Вартоломеј не побарал промена на името на МПЦ, туку тоа било замолница да помогне во решавање на долгогодишниот проблем.

Владата, како што најави Заев, го објави целото писмо до Вартоломеј.

Во писмото Заев, меѓу другото,  вели дека го проследил и писмото од архиереите на МПЦ-ОА.

„Би сакал да го проследам писмото на нашите Архиереи, преку се бара од вашата Сесветост да благоволите, согласно со вековните права на Вселенскиот престол, да го решите долгогодишното црковно прашање на нашата земја“, пишува Заев во писмото до Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Претходно во Парламентот Заев кажа дека во писмото побарал патријаршијата да помогне за признавањето на МПЦ-ОА.

„Дополнително на писмото кое Светиот синод на МПЦ го испрати, јас напишав писмо и го испратив до Светиот синод на Вселенската патријаршија да помогне при признавањето. Никој не побарал ниту може да го смени името на МПЦ. Не е тема на дебата името, прашањето е помош околу решавање на црковниот спор, кој постои од возобновувањето на МПЦ-ОА“, рече Заев.

Писмото го објавуваме во целост.

 

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе