СО ПИСМО ДО ЏАФЕРИ

Заев побара термин за неделни тематски пратенички прашања во Собранието

Премиерот Зоран Заев, денеска писмено побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да одреди термин за тематски пратенички прашања во кое напоменува дека Владата е подготвена да отпочнат неделни тематски пратенички прашања во траење од еден час, во време и формат кој ќе го одреди собранискиот спикер. 

„На почетокот на својот мандат, Владата на Република Македонија го усвои Планот 3-6-9 со цел забрзано одмрзнување на процесот на Европска интеграција на земјава.

Во делот на Планот, кој се осврнува на Собранието на Република Македонија, Владата се обврза на целосна поддршка на низа мерки со цел враќање на демократскиот амбиент во оваа клучна институција, низ политички дијалог и соработка со сите парламентарни партии, вклучително и со опозицијата. Владата е спремна да даде свој придонес во обезбедувањето на услови за целосна имплементација на договорените препораки по немилите настани од 24/12/2012, поврзано со насилните настани од 27/04/2017.

Во таа насока Владата, односно коалиционите партнери и мнозинството во Собранието, во отворена и искрена соработка со опозицијата, ќе се погрижи надзорната функција на Собранието и собраниските тела над работата на Владата и нејзините безбедносни и разузнавачки служби, да биде редовна и рутинска. Мнозинството ќе се залага и за поголема соодветна вклученост на граѓанското општество во дискусиите на собраниските тела“, пишува во писмото од Заев.

Во контекст на целосното спроведување на Планот, како што вели, ја изразува  недвосмислената подготвеност на Владата за одржување на неделни, тематски пратенички прашања во траење од еден час, во време и формат за кој Џафери ќе процени дека е најсоодветен и согласно процедури.

„Дополнително, Владата активно се залага за вклучување на Собранието во реформата на разузнавачките и безбедносните служби, која моментално е во тек. Владата исто така се обврзува и прифаќа задолжително елаборирање пред собраниските тела на предлог законите на експертско ниво“, напиша Заев.

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе