Заев побара од пратениците да се гласа за доверба на Влада

Премиерот Зоран Заев попладнево побара од пратенциите да се изјаснат за доверба на Владата. Заев кажа дека според Уставот и собранискиот деловник, премиерот има право усно да побара гласање доверба на Владата.

„Ред е да се соочиме и расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот кога ќе покажеме пред граѓаните колку има вистина во тврдењата на опозицијата, да видиме за што станува збор – стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опизиција. Мора да е едното од двете точно, ако не се и двете заедно“, рече Заев пред пратениците.

Премиерот нагласи дека нема да дозволат неизвесност, несигурност, сопки, блокади и оптрукции.

„Во име на вистината ја преземам одговорноста и обврската пред граѓаните согласно Уставот и деловникот на Собранието да побарам изјаснување на Собранието за доверба на владата“, заклучи Заев.

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза за 34-та седница до 16 часот и 15 минути, за да може да го го извести претседателот на државата Стево Пендаровски за барањето на премиерот Заев за гласање доверба на Владата.

Деловникот предвидува во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува претседателот на Владата усно на седницата на Собранието, пратениците се изјаснуваат на истата седница, без расправа. Претседателот на Владата и пред гласањето има право да му се обрати на Собранието.

Деловникот предвидува во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува претседателот на Владата усно на седницата на Собранието, Собранието гласа за доверба на Владата на истата седница, без расправа.

Претседателот на Владата и пред гласањето има право да му се обрати на Собранието.

Ако на Владата и е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата.

За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе