Со овој предлог ќе оди утре на лидерска кај Пендаровски

Заев побара брзи предвремени избори

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, прва по Самитот во Брисел откако земјава не доби датум за почеток на преговори повика на брзи и предвремени избори и рече дека само народот има мандат да одлучи за иднината на земјава.

„Брзи и предвремени избори и избори најбрзо што може на кои вие грѓаните ќе донесете одлука за патот по кој треба да продолжи нашата земја. Тоа ќе биде и мојот предлог на утрешната лидерска средба кај претседателот“, рече премиерот Заев на денешната прес-конференција во Владата. 

Премиерот рече дека ги завршиле сите обврски, испорачале резултати, но ЕУ направиле голема грешка и неправда. 

„Пред два дена во Брисел ни беше направена голема неправда и ЕУ не го испорача тоа што вети. Ги завршивме сите наши обврски, испорачавме резултати во реформите и ги решивме проблемите со соседите. Тоа што го направија е нивна грешка, а ние направивме тоа што треба и тоа што можевме. Верувам дека ќе го корегираат својот став. Денес јавно се заблагодарувам на мнозинството европски лидери кои се бореа и ни дадоа поддршка. Но, факт е дека сме жртви на историска грешка на ЕУ. Јас сум разочаран и лут и знам дека така се чувствува и нашиот народ. Гневот на народот ги чувствувам како една лузна. Ова е лоша и неправедна грешка, но е сериозна работа. Но, тоа е одлука на ЕУ заради нивни и нерешени работи. Сепак ние и тоа како сме одговорни за нашите одлуки. Сериозноста бара од мене и од сите нас сериозна одлука. Ја преземам разочараноста на народот и јасно и одлучно порачувам дека не треба да се откажуваме и европскиот сон на Македонците, Албанците, Србите, Турците... нас нема да е срушен. Одговорно се исправам пред вашата одлука и давам предлог дека се потребни брзи и предвремени избори и избори најбрзо што може на кои вие граѓаните ќе донесете одлука за патот по кој треба да продолжи нашата земја", дополни Заев.

Премиерот истакна дека до денес бил на ставот дека заслужуваме предвидливост.

„Ррековме дека историска грешка е направена од Унијата и треба народот да одлучи дали остануваме сите, верувам да, на патот на европските интеграции за да чекориме напред. Затоа и го корегирам мојот став. Да ги направиме побрзо и да изгубиме помалку време. Реков со тој предлог ќе одам кај претседателот Стево Пендаровски. Треба да продолжиме со уште посилни реформи“, додаде премиерот Заев.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе