Заев по средбата со Пенс: Со Договорот го обезбедуваме заслуженото место во евроатлантските структури

Пораки на охрабрување за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на Договорот од Преспа добил премиерот Зоран Заев на денешната средба со американскиот потпретседател Мајк Пенс. 

Можноста за разговор со потпретседателот Пенс, како што напиша Заев на својот Фејсбук профил доаѓа во клучен историски момент за Република Македонија. 

„Од потпретседателот Пенс добивме пораки на охрабрување за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на Договорот од Преспа. На средбата беше истакнато дека со Договорот го обезбедуваме заслуженото место во евроатлантските структури. Со тоа го осигуруваме мирот, стабилноста и просперитетот за нашите граѓани”, пишува Заев.

Средбата со пенс на која присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров се случува само неколку дена по посетата на Македонија на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел кои дадоа поддршка за референдумот и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.

 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе