Собрание

Заев по средбата со Ахмети: Не е постигнат договор за владеачко мнозинство, разговорите продолжуваат

Не можеме да кажеме дека постигнавме договор. Разговорите продолжуваат, изјави попладнево Зоран Заев, лидерот на СДСМ по средбата со Али Ахмети, лидерот на ДУИ во Собранието.

Во Собранието попладнево се одржa средба на лидерите на СДСМ и на ДУИ  како дел од преговорите за формирање парламентарно мнозинство и влада.

Откако Ахмети денеска упати покана за заедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок в четврток по повод годишнината на Охридскиот рамковен договор, Заев во изјава за ТВ 21 тоа го оцени како притисок врз него, СДСМ и коалицијата „Можеме“, но наведе дека е прерано да даде каков било одговор на тоа дали таа средба може да влијае врз формирањето на новото парламентарно мнозинство.

СДСМ претходно, како и во изминатите денови, и денеска преку соопштение информираше дека ги продолжуваат, како што наведоа, сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.  Новата влада, велат, ќе работи на уште поголема грижа за сите, на јакнење на економскиот стандард, на прочистување на правосудството и обезбедување силна правна држава и владеење на правото.

По предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, минатиот вторник се конституираше новиот парламентарен состав и почна да тече 10 дневниот рок за формирање парламентарно мнозинство, по што претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање Влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе