Премирот ги остави деталите на истрагата

Заев по обвинувањата од Милошоски: Мислам дека „Рекет” води кај Мицкоски

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција одговори на обвинувањата на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој на социјалните мрежи објави дека немало договор на лидерската зошто тој се плашел од „Рекет“ и бил нервозен за случајот.

„Секој пат стојам принципиелно зад системи и создадени вредности, секој пат стојам. Не е важен ниту еден поединец, Вилма Рускоска води сериозни предмети. Неможе да дозволите зошто му паднало на памет на Заев и Мицкоски да се смени обвинителот, кој води актуелни предмети на 10 месеци пред истек на неговиот мандат кој трае 4 години. Не можете да испратите порака дека Заев или Мицкоски се плашат, предметот да не стигне до нив, не, истрагата треба да тера до крај“, рече Заев во одговор на новинарско прашање.

„Јас лично мислам дека предметот „Рекет" води кај Мицкоски, но тоа е мое лично мислење, истрагата ќе покаже се“, одговори премиерот Заев.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе