Претседателски избори 2019

Заев: Пендаровски води во фер политички натпревар, убеден сум до небото дека ќе победиме

Стево, честитам за победата во првиот круг, уште поголема ќе биде победата во вториот круг, продолжуваме напред заедно сите, како што ни ја личи земјата, сплотени „Заедно Напред”, застанување нема, порача премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната прес-конференција во изборниот штаб. 

Заев прес-конференцијата ја започна со податокот дека од 98,27 отсто проверени од вкупниот број на избирачи, 321.201 глас има Стево Пендаровски, 316.872 има Гордана Сиљановска и 79.169 гласови има Блерим Река. Тоа, како што рече, се преку 4.300 гласови предност во корист на Пендаровски.

Тој им честиташе на граѓаните за фер и демократските избори со кои што „потврдивме темелна европска вредност”.

„Вакви чекори ни доликуваат и јас сум уверен дека во вториот изборен круг ќе заокружиме уште една европска вредност, европски претседател на нашата држава. Јасно е, Пендаровски води во фер политички натпревар во кој се покажа дека сечиј глас е важен. 

На овие избори, и во првиот и во вториот круг, се одлучува дали ќе продолжиме напред. Два, целосно различни концепта се спротвивставени во вториот изборен круг. Концептот на Стево Пендаровски е прогресивен и обединува. Другиот  концепт на Гордана Силјановска е деструктивен и го дели народот. Јас знам дека во вториот круг граѓаните уште посилно ќе го поддржат напредокот. Победата е во напредокот, во прогресот, во концептот кој води кон НАТО и ЕУ”, рече Заев. 

Тој се обрати до граѓаните кои денеска гласаа за Блерим Река и рече дека очекува на 5 мај да постапат одговорно и да придонесат кон патот кој води напред, затоа што и тие знаат дека назад носи штети, за сите, па и за нив.  

„Ова се важни избори бидејќи определуваат со колку брзо темпо ќе продолжиме да се движиме напред и колку брзо ќе почнеме да живееме европски. Сите имаме одговорност кон сопствената земја и кон сопствените деца. Јас верувам дека ова ќе ги мотивира и најколебливите, и најнерешителните, да придонесат во заеднички перспективите”, изјави Заев и ги повика сите да излезат во вториот круг. 

Особено ги повика, како што рече, сите кои се двоумеа дали да излезат денес. Сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, Египќани и сите други.

„Сечиј глас е важен. Вие сте важни. Од вашиот глас зависи дали земјата ќе продолжи напред. Излезете и гласајте во вториот круг. И вие одлучувате. Изберете прогрес за нашата земја”, повика Заев кој заклучи дека е „убеден до небото дека ќе победат”. 

 

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе