Предвремени парламентарни избори

Заев: Парите ги насочивме кон граѓаните, инвестираме и во инфраструктурата

„Докажавме дека луѓето што ја знаат маката на земјоделците и работникот, може да постигнат успеси. Еден од најголемите капитални проекти, изградбата на канализациски систем за фекална отпадна вода, е за село Банско. Тоа е 18 км канализациски систем, кој останува трајно да се користи за 2.000 жители тука“, рече носителот на листата на СДСМ на ИЕ4 Зоран Заев на средба со граѓани во село Банско, во општина Струмица.

„Сега со пријатели и решени меѓународни проблеми, со членство во НАТО и почнати преговори со ЕУ, ќе докажеме 10 пати повеќе резултати, комуналната инфраструктура ќе ја развиваме 10 пати посилно. Заедно ќе го подобриме и квалитетот на водата во Банско. Инвестиравме во мрежата, ја саниравме и направивме филтер станица и тој ќе го завршиме до крај според сите стандарди“, рече Заев уверувајќи ги граѓаните дека заедно со општина Струмица, Банско ќе го има најголемиот СПА центар во државата за развој на туризмот и во лето и во зима.

Во Муртино, претседателот Заев го истакна инвестирањето во инфраструктурата, но и зголемената помош кон земјоделците, како и реализацијата на концептот парите кај граѓаните, преку субвенциите кои се исплаќаат редовно и навремено, субвенцирањето на зелената нафта, покачувањето на пензиите и платите, одлуката за државна социјална пензија, поддршката на стечајните работниците и помошта за повеќе од 500 млади земјоделци.

„Со СДСМ сите кои имаат потреба добиваат поддршка, и тоа навреме. Социјалната помош ја покачивме за 300%. Пензиите ги покачивме за 1.740 денари. Минималната плата беше 9.000 денари, а сега е 14.500. Просечната плата е покачена за 5.000 денари за  само две и пол години. Низ Струмичкиот регион има изградено патишта насекаде, следува целосна реконструкција на патот Робово – Муртино - Банско. Патот кон Берово е целосно рехабилитиран. Го отвораме струмичкиот регион комплетно со експресниот пат Радовиш - Штип. Правиме проект Смоквица - Валандово, Валандовско Брдо - Струмица граничен премин кон Бугарија и кон автопатот со Грција на коридорот 10“, рече Заев и ја најави новата програмата од Европската инвестициска банка за канализации и водоводи од 50 милиони евра, како и средствата од 49 милиони евра пренаменети од Штипскиот аеродром за изградба на градинки, училишта, спортски сали и комунална инфраструктура за сите“, рече Заев.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе