Заев пак во Брисел, сега на работна вечера со Борел и лидерите од Западен Балкан

Премиерот Зоран Заев денеска повторно патува за Брисел на покана на потпретседателот на Европската комисија (ЕК) и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, кој организира заедничка работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Според најавата од Владата, на средбата ќе се разговара за актуелни прашања од регионот во контекст на пристапувањето на земјите во ЕУ.

Од Владата велат дека непосредно пред работната вечер, Заев ќе има куса одделна средба со Борел, а утре ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Минатата недела Заев, заедно со вицепремиерот, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, исто така беше во Брисел на средби со официјални претставници на Европската Унија. И тогаш Заев имаше средба со Борел, како и со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, со извршниот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе