Заев пак го повика Иванов да го потпише Закон за јазици

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш апелираше до претседателот Ѓорге Иванов да го потпише Законот за јазиците и да овозможи непречено функционирање на демократијата во општеството.

Заев, кој учествуваше на завршната конференција на Проектот Мрежа 23+, одговарајќи на новинарско прашање кога се очекува политички договор за Законот за јазиците, како и неговото објавување во Службен весник, рече дека на неколку средби со Иванов се обидел да го мотивира и да го поттикне да го стави потписот, бидјеќи, како што кажа, преку овој закон е блокирано Собранието во својата функција. 

„Тоа испраќа порака дека претседателот може да си одлучи кога сака и за кој сака закон да го стави таканареченото џебно вето. Тоа не е функционална демократија. Одговорноста е преголема“, рече Заев.

Тој додаде дека треба да се повикуваат надлежните институции како Уставниот суд, но и да се обратиме и до Венецијанската комисија.  

„Уставниот суд кажува што е уставно, а што не е. И ако има нешто проблематично може да се промени. Ако со некои закони се зголемуваат одредени права ќе можеме полесно да влеземе во вака најавуваниот процес за почеток на преговорите со ЕУ“, изјави Заев.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе