Кој со кого и зошто комуницира

Заев, па Милошоски и на крај Тортевски - ова е ненормално!

Најпрво пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски откри дека премиерот Заев за време на лидерската средба рекол дека Катица Јанева за десетина дена од притворот во Шутка ќе оди во куќен притвор. На ова Заев одговори дека тоа се лажги со опашки и дека тој само информирал дека оваа информација ја добил од бранителката на Јанева. На ова Милошоски праша зошто еден премиер има потреба да се гледа со бранителката на притворената специјална обвинителка, за да на крај адвокатот Тортевски заклучи дека е „ова ненормално“.

Лажги со опашки, вака премиерот Заев ги оцени тврдењата на пратеникот Милошоски дека на лидерската средба соопштил дека Катица Јанева ќе излезе од затворот во Шутка за десетина дена. Информациите кои тој ги имал ги добил лично од адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска и дека ги соопштил на лидерската средба.

Заев вели Милошоски лаже и ги злоупотребува информациите изнесени на средбата околу разговор што го имал со адвокатката на Јанева која се обидувала да создаде олеснителни услови за Јанева да излезе од затворот во Шутка.

„Строго ги демантирам ваквите лаги бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат во Јавното обвинителство, мојот коментар беше оти од Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предметите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски“, изјави Заев.

Милошоски веднаш одговори со прашање: Во кое својство премиерот контактирал со адвокатката на Јанева и дали оваа негова блиска координација е во улога на „консилиере“ на групата за „Рекет“ и кој е тука главниот?

„Прво, во кое својство премиер на држава, кој не ни обвинител, ни судија, во екот на најголемиот скандал на правосудството во историјата на Македонија, е во контакт баш со адвокатот на осомничената рекетарка и зошто со неа разговарале за мерките за обезбедување притвор или куќен притвор за Катица Јанева?

Второ, од каде доаѓа потребата на адвокатката Ирена Фрчкоска да го извести токму премиерот Заев за тоа кои чекори ќе ги преземе осомничената Катица Јанева“, напиша Милошоски.

На крај, на сето ова се јави и адвокатот Александар Тортевски кој изјави дека е „нормално Катица да бара бенефиции, но ненормално е премиерот да разговара за тоа“.

„Нормално е што Катица преку бранителката бара да ѝ се олесни положбата. Не е нормално што за тоа се обраќаат кај премиерот. Уште по ненормално е што тој прифаќа да разговара за тоа”, вели адвокатот Тортевски.

 

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе