Конференција за македонскиот јазик

Заев: Оваа влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

„Македонскиот јазик е признат во целиот свет и слободно се користи насекаде. Нашиот јазик е нашиот идентитет. Сакам да испратам јасна порака дека оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик, изјави премиерот Зоран Заев во своето обраќање на вториот ден од Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)". Заев нагласи дека не доаѓа предвид да се преговара за македонскиот јазик и идентитетот и дека Бугарија не бара Македонија да го промени Уставот.

„Нема народи и држави што признаваат или не признаваат идентитет. Очекувам Бугарија и бугарскиот народ недвосмислено да искажат потврда на постоењето на македонскиот јазик и народ. Пријателите и браќата имаат таков однос. Како што слушам и од Борисов, тие го признаваат јазикот и македонскиот народ, а сакаат да дебатираат за историјата, за заедничките и посебните делови од историјата. Право и обврска на Заедничкатга комисија е да ги решаваат историските настани и личности и на тој начин да го зголемуваат пријателството меѓу двата народа. Верувам дека ќе се изнајдат одговори на прашањата поврзани со Гоце Делчев и другите настани и ја поздравувам работата на заедничката комисија".

Ова беше одговорот на премиерот Зоран Заев на новинарското прашањето во врска со непризнавањето на македонскиот јазик и народ и другите идентитетски одредници од страна на бугарската држава и нејзините политички претставници, што го даде по својот говор на Конференцијата за македонскиот јазик по повод 75 години одбележувањето од создавањето на македонскиот литературен јазик и правопис.

Тој потсети на неговата неодамнешна изјава дека не гледа потреба за лидерска средба, како што тоа го бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за нешто за што работат комисиите. Тоа не е прашање за лидерите во овој момент, рече Заев и додаде дека во врска со првата меѓувладина конференција која ќе значи почеток на преговорите со ЕУ, потсети дека предупредил оти е можно таа и да не се одржи доколку Бугарија не даде зелено светло за нејзин почеток. Не очекувам од Бугарија да го постави како услов идентитетскиот дел, нагласи Заев.

„Ако не се случи меѓувладината конференција, треба да се знае дека од нас се бара нешто кое не сакаме да го прифатиме ниту да дискутираме за тоа“, нагласи премиерот.

Како одговор на уште едно новинарско прашање Заев рече дека Бугарија не бара од Македонија промена на Уставот ниту пак, потпишување на нов договор меѓу двете држави.

„Со Бугарија имаме договор за добрососедство, потпишан на бугарски и македонски јазик, нашиот јазик е впишан во ООН, двата народа се пријателски.

Ниту држави признаваат, ниту се повикани да признаваат идентитет. Ја охрабрувам заедничката комисија да ја продолжи својата работа. Бугарија е членка на ЕУ, а сите членки треба да донесат одлука за првата Меѓувладина конференија. Во Извештајот на ЕК имаме одлични оценки, верувам дека Бугарија ќе продолжи со поддршката на Македонија", рече премиерот Заев.
Во своето обраќање на Конференцијата пак, вети дека Владата со посебно внимание ќе се однесува кон идентитетските одредници.

„Македонскиот јазик е признат во целиот свет и слободно се користи насекаде. Нашиот јазик е нашиот идентитет. Сакам да испратам јасна порака дека оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик, рече Заев и нагласи дека досега е објавена бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик на интернет-станицата www.pravopis.mk, 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик, а започната е и иницијативата за измени и дополнувања на Законот за македонски јазик.

Премиерот Зоран Заев доби и благодарница за поддршката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков".

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе