Заев: Отворените врати и можности во ЦЕРН е од исклучително значење за научниците од нашата земја

Соработката на Северна Македонија со Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) е од огромно значење за научната и академската јавност во земјава, и е од огромно искуство за 22 студенти од нашата земја кои досега биле корисници на програмите на ЦЕРН.

Ова денеска било истакнато на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и делегација на ЦЕРН, предводена од проф. Кристоф Шафер и  Тадеуш Куртика, советници во Одделението за меѓународни односи на ЦЕРН, во придружба на министерката за наука на Црна Гора Сања Дамјановиќ, која воедно е и член на Надзорниот одбор на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST), кој како регионална организација во која членува и земјава, учествува во заеднички проекти иницирани од ЦЕРН.

Целта на посетатата е да се направат последните подготовки за обнова и потпишување на Договорот за меѓународна соработка меѓу ЦЕРН и Владата на Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Министерката за наука на Црна Гора, Дамјановиќ, на средбата изрази благодарност на подготвеноста на Владата и на премиерот Заев, да ја поддржат иницијативата научни работници од нашата земја да земат учество во проектот Хадронска терапија на ракот и биомедицински истражувања со протони и тешки јони (Hadron Cancer Therapy and Biomedical Research with Protons and Heavy Ions), како проект на земјите членки на Институтот (SEEIIST) во кој членува и Северна Македонија.

На премиерот Заев на средбата му беше упатена покана да го посети ЦЕРН и во Женева, Швајцарија, каде што ќе се одржи церемонијата на потпишувањето на обновениот договор, кој за земјава го обезбедува континуитетот на учеството на наши научници и студенти во многубројните проекти од врвно значење за науката и технологијата.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе