Заев откри дека на листата на претседателски кандидати на СДСМ се Беџети и Арифи

Заев по денешната средба со Ахмети изјави дека нема договор за заеднички, консензуален претседателски кандидат, но се согласиле дека има основа на изборите да се излезе со таков кандидат.

Одговарајќи на новинарско прашање, Зоран Заев откри дека на листата на претседателски кандидати на СДСМ се наоѓаат десет имиња за кои во моментов се прават анкети.

На таа листа се наоѓаат Абдулменаф Беџети, член на МАНУ и поранешен министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија во владата на Бранко Црвенковски и Теута Арифи, поранешна вицепремиерка за европски прашања и сегашна градоначалничка на Тетово.

На Заев уште еднаш му беше поставено прашањето дали би се кандидирал.
„Знаете дека јас пред сѐ сум економист, ќе се посветам на економијата и на реформите што претстојат, така што засега останувам во извршната власт", рече Заев.

За Силјановска Заев рече дека таа воопшто не е профил за консензуален претседател.

„Веднаш ќе кажам не е прифатлива. Таа е надвор од секој можен концепт. Не даде во ниту еден сегмент поддршка на тоа што цел свет и огромното мнозинство граѓани гоподдржуваат. Македонија направи голем чекор напред, отидовме во исполнување на нашите децениски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја која што е преговарач со ЕУ. Таа е надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните", изјави Зев по денешната средба со Али Ахмети.

Професорката Гордана Силјановска од саботата и официјално е кандидат за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ. Таа изјави дека е подготвена да биде и заеднички кандидат доколку нејзиниот профил одговара на СДСМ.

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе