На прашање за евентуални изборни коалиции

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект кој оставил влог за коалиции со сите политички партии кои работат во интерес на државата.

„Остануваме отворени за соработка со сите, затоа што ние веројатно сме единствениот политички субјект кој заради нашиот влог што сме го направиле во минатото, денес да може да соработуваме со сите, секако освен со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи нормално, едната партија е власт а другата опозиција. Секако ние прво ќе носиме одлука што е најдобро за државата, а потоа и за тоа како е најдобро СДСМ да се позиционира во пресрет на победата што ја очекуваме. Подготвен сум да разговарам со сите за евентуални идни соработки, а во тие разговори интересите на државата да ги ставиме на прво место", заклучи Заев.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе