Заев, Османи и Димитров утре во Тирана на работна средба со Меркел

Зоран Заев, македонскиот премиер на покана на канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, утре ќе ја предводи владината делегација во еднодневна работна посета на Тирана.

Во текот на попладнето Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел.

Белград и Тирана се на агендата на Меркел на прошталната посета на Западен Балкан. Германската канцеларка денеска е во Белград, а утре во Тирана се закажани и средбите со лидерите од Босна и Херцеговина и Косово.

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе