Заев, Османи, Димитров и Битиќи на конференција на „Економист“ во Грција, најавени средби со Мицотакис и Сакеларопулу

Премиерот Зоран Заев од денеска ја започнува дводневната работна посета на Грција, а утре ќе учествува на панел дискусија во рамките на конференција на Економист „24-та тркалезна маса со грчката Влада“, ќе има работен ручек со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис и ќе оствари средба и со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

Заедно со Заев се и вицепремиерите за економски прашања и за координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, и за европски прашања Никола Димитров, како и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што соопштија од владината прес служба, премиерот, на маргините на конференцијата ќе има и повеќе средби со бизнисмени и претставници на грчката бизнис заедница, додека пак Битиќи и Димитров ќе се сретнат со нивни колеги од Владата на Грција, а Османи ќе оствари работна средба со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас.

Утре наутро, премиерот ќе учествува на панел дискусија посветена на Западен Балкан, односно на вториот ден од конференцијата на Економист, а подоцна во текот на утрешниот ден ќе се сретне со Сакеларопулу и ќе има работен ручек со неговиот грчки колега.

Во однос на средбата со Мицотакис, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на вчерашниот брифинг со новинарите рече дека европската перспектива, билатералните односи, како и темите што произлегуваат од Договорот од Преспа, односно комисиите и сл., ќе бидат дел од прашањата за кои ќе разговараат двајцата премиери.

Пецас истакна дека е многу важно што ќе постои можност за разговори, по изборите кај нас и додаде дека „најважна е европската перспектива на земјите од Западен Балкан, преку која може да се решат многу прашања“, преку отворањето и затворањето на поглавјата.

Проширувањето на ЕУ и следните чекори, заедно со реформите што треба да се спроведат, како и трговијата и инвестициите, ќе бидат темите за кои утре ќе дискутираат премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама, на панел дискусијата посветена на Западен Балкан во рамките на конференцијата на Економист,  додека пак за политичката перспектива ќе говорат поранешните министри за надворешни работи на Грција Дора Бакојани и Јоргос Катругалос, кои сега се пратеници од Нова демократија, односно СИРИЗА.

Меѓу најавените учесници на дводневната конференција се и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, министри од грчката Влада, меѓу кои и оние за надворешни работи, за здравство, за одбрана, за инвестиции, шефот на кипарската дипломатија, поранешниот француски претседател Оланд, поранешниот италиански премиер Ренци, амбасадорот на САД во Грција...

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе