Заев: Околу 40.000 студенти ќе добијат финансиска поддршка за субвенциониран оброк

И во услови на пандемија покажуваме грижа за студентите и креираме мерки и политики кои се во интерес на младите и нивната иднина. Вложувањето во подобри услови за студентите го сметаме за капитално вложување во иднината на државата, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, посочувајќи дека околу 40.000 студенти од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран оброк.

Премиерот истакнува дека финансиската поддршка за субвенционираниот студентски оброк на месечно ниво изнесува 2.400 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на МОН.

„Средствата ќе се уплаќаат директно на трансакциска сметка на студентите кои ги исполнуваат законските услови, а освен во угостителски објекти, ќе можат да ги користат и во маркети. Мерката можат да ја користат користат редовните студенти од државните и приватните универзитети“, стои во неговата објава.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе