„Очекувам поконкретни чекори од новинарските организации кон тaквите обиди на определени медиуми и поединци за создавање на последици по демократијата и стабилноста во државата. Станува збор за одредени медиуми кои немаат ниту импресум, а кои шират лажни вести, шират омраза и дисквалификувааат луѓе, институции... Барам поддршка и помош од новинарските организации да се справиме со злобните обиди на поедините медиуми и поединци", одговори Заев.
Инаку, на прашањето дали Владата планира финансиска поддршка за професионалните медиуми,Заев одговори дека во моментов не се планирани такви средства.
„Нема екстра планирани пари за помош на медиумите, туку во план се средства за оние што се директно ангажирани во справување со болеста, за докторите, медицинските сестри и другиот кадар кој е во директен контакт со заболени или суспектни на вирусот“, рече премиерот Заев“