Претседателски избори 2019

Заев: Ќе игра метлата и на другата страна, нема да дозволиме некој да враќа режим

„Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци во Велес правеле. Ние не сме глупави, знаеме. Ќе има метла и на другата страна. Во мојот кабинет работам со луѓе што ги затекнав. Со сите што засукаа ракави работевме. Ама нема да дозволиме некој да враќа режим", рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на вечерашната граѓанска трибина за поддршка на кандидатот за претседател на  Македонија, Стево Пендаровски.

Заев рече дека Стево Пендаровски е симболот на правдата и правичноста и порача дека правото и законите денеска важат еднакво за сите, дека пресуди ќе се носат за сите за кои има докази, а не како претходно по нарачка.

Претходно Заев имаше средба со жителите на селото Оризари, Велешко.

Градиме еден концепт што се вика граѓанско општество, каде што сите имаме намера да бидеме еднакви, порача претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на вечерашната средба со жителите на ова село.

Тој посочи дека ова село заслужува посебно внимание затоа што неговите жители знаеле да дадат во важни моменти поддршка за напредни опции и ги повика тоа да го направат и на 5 мај во вториот круг на претседателските избори.

„Само со единството можеме да ги решаваме проблемите, за да има подобро образование и здравство, развиени локални средини, но за тоа да се случи државата мора да се движи напред. Тоа е возможно само преку започнатите евро-атлантски интеграции. Претседателот на државата не решава за водоводи, канализации и патишта, но без неговата поддршка ова ќе оди потешко. Имаме кандидат кој ќе биде сојузник во процесите, а не блокатор како досега. Дојден сум да побарам поддршка за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Дајте поддршка за Стево Пендаровски и да продолжиме побрзо напред", повика претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во село Оризари.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе