Предвремени парламентарни избори

Заев од Тетово: Спремни сме за 6 години да ги затвориме преговорите и да бидеме полноправна членка на ЕУ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами одржаа заедничка прес-конференција во Тетово, на која ги истакнаа предлозите во поглед на интеграцијата во НАТО и Европската Унија. Заев истакна дека со нивните политики ги отвориле вратите за НАТО и ЕУ за само три години, наместо 11 години на претходната власт.

„Две ипол милијарди европски пари ни стојат на располагање во следниот период. Европските пари за европски стандарди дома но и за полесно справување со последици од корнавирусот. Подготвени сме, знаеме и можеме да отвориме 80 отсто од поглавјата до 2024 година, а за шест години од сега да го затвориме целиот преговарачки процес со ЕУ и да бидеме полноправна членка на ЕУ. Ова е нашата понуда за следните четири години. Точно знаме каква држава сакаме да биде Северна Македонија во 2024 година, слободна, деморкатска, европска и интегрирана“, истакна Заев.

Според Касами, како што објави МИА, големата идеја за европска Македонија како што ги соединила двете партии пред изборите, ќе биде водилка за наредните четири години.

„Сè што ќе правиме наредните четири години ќе биде насочено кон интеграција во Европската Унија. Во иднина можеби ќе имаме различни сфаќања за одредени работи, но ќе не се соедини големата идеја за евроинтеграции како што не обедини претходните три години. Горди сме и покрај тоа што бевме опозиција и не бевме со позиции во Владата бевме активни и сме придонеле за членство на Македонија во НАТО, осигурувајќи го патот кон Европската Унија. Горди сме што успеваме да постигнеме и најдеме разбирање со главната политичка партија во Владата, СДСМ, за да направиме уставни промени за доброто на сите граѓани“, истакна Касами.

Двајцата претседатели имаа средба со кандидатите за пратеници од шестата изборна единица, а во текот на денот се предвидени и средби со групи на граѓани.

Одговарајќи на новинарско прашање за аудио материјалот од телефонски разговор со Грета Тунберг, Заев рече дека манипулацијата од пранкерите кои се обидоа да наметнат лажно претставување како активистката Грета Тунберг е спречена со протоколите кои се воспоставени по претходните повици од лица кои манипулираат со гласовите и идентитетот.

„Уште кога се случи разговорот со наводната Грета Тунберг ние го објавиме јавно дека е повторен обид на хибридно влегување на телефоните, со хибриден напад врз владините телефони, направен од пранкери кои што тоа го прават со модерни технологии менувајќи го гласот на славната Грета, борец за екологија и еколошки права низ светот. Тогаш објавивме детали, гледате дека во самиот разговор јас повеќе од времето молчам, заради тоа што во текот на разговорите тоа го препознавме и остававме да зборуваат  за да можеме тоа веднаш да го објавиме“, рече Заев.

Тој додаде дека го информирале и семејството на Грета Тунберг.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе