Локални избори

Заев од Струмица: На 17 октомври ќе се случи по СДСМ - СДСМ, за Мицкоски минатото е новата иднина

СДСМ не би била СДСМ ако не предводи во промените. Даваме шанса на младите, на новата енергија на желбата и тие на свој авангарден начин да се вградат во сегашноста и иднината. Тешко беше да се донесе одлуката за избор на кандидат за градоначалник на општина Струмица. Одлучивме да дадеме шанса на Костадин Костадинов, дадовме предност на младоста. Повеќе од сигурно е дека на 17 октомври ќе се случи по СДСМ – СДСМ, по Коста – Костадин, порача премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, вечерва од Струмица. 

Процесот на давање на шанса на младите, според него, е веќе почнат секаде низ државата и на голем број раководни позиции се поставени млади кадри со што им ја доверуваме одговорноста за сегашноста и иднината на нашата држава.

„Кога го гледам Костадин Костадинов, како да се гледам самиот себе и верувам во него и сите 23 кандидати од советничката листа на СДСМ и коалицијата ‘Најдоброто за мојата општина’. Јас станав градоначалник на 30 години, а и тој е тука некаде. И тој минува слични скалила, полн и со енергија, младешки дух и желба своите капацитети да ги вложи во доброто на својот град и своите сограѓани на дело. Впрочем, тој се покажа мошне успешен во менаџирањето со општината уште во времето на неговото десет месечно извршување на функцијата в.д. градоначалник”, порача Заев.

Во обраќањето се осврна и на пораките од опоицијата. 

„И сега слушаме, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се расфрлуваат со некои петоцифрени бројки за некакви проекти, што ги ветуваат во некаква нова иднина, но стари режимски кадри и нова иднина не одат заедно, не може луѓе свртени кон минатото да реализираат иднина”, рече Заев.

Како што кажа, Мицкоски сака да си се вратат во минатото, тоа е за него новата иднина за која што само ВМРО-ДПМНЕ сонува.

„Зборува за поништувања на договорите со Грција и со Бугарија. Пак ќе ја испокараат државата со сите соседи. Ќе продолжат да го делат народот со режимски тактики, таму каде што застана Груевски и да го подриваат соживотот, за јавноста да се занимава со страв за својата безбедност, а тие да продолжат да крадат. Ако ни зборува за таква нова иднина, во којашто следува Најлошото, а не Најдоброто – ред е и на овие избори, по 7-ми пат да му речеме: Мицкоски, не благодарам!”, рече Заев. 

Коалицијата предводена од СДСМ денеска ја претстави изборната кампања „Најдоброто за мојата општина” во Ново Село, Босилово, Василево.

 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе