Заев од Солун: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори со ЕУ

Грција ќе помогне да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, а спроведувањето на Преспанскиот договор ќе оди според предвидената динамика, изјави премиерот Зоран Заев во Солун,  по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

„Спроведувањето на Преспанскиот договор треба да оди со позитивната и предвидена динамика и ние работиме на двете страни буквално по ова прашање. Фокусот ни беше на Европскиот совет, одлуката која беше на Европскиот совет. Имав прилика од прва рака да добијам информација како се дискутирало, кои се очекувањата. Премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја за конечно да го добие датумот за почеток на преговори и јас сум среќен поради тоа”, изјави вечерва по средбата премиерот Зоран Заев.

Мицотакис му образложил детално кои се неговите активности, планови, како да ги направи чекорите и да биде од помош за земјава.

„Зборуваме за граничните премини. Зборуваме дека е добро што се гради преминот Маркова Нога. Зборувавме дека меѓународната експертска група треба да продолжи со разговорите и состаноците за да ги најде решенијата, прифатливи секако за двете страни. Верувам дека се наоѓа прифатливо решение за оваа работа, треба да ги продолжат разговорите, веќе комуницираат самите комори кои ќе бидат од голема помош. И знам дека ќе изнајдеме прифатливо решение кое навистина ќе биде за бизнисмените, за производителите, за компаниите, и од Република Северна Македонија и од Република Грција”, рече Заев. 

Тој додаде дека зборувале да дадат насоки за нивните кабинети да продолжат во тој правец.

Кабинетот на грчкиот премиер вечерва соопшти дека фокусот на средбата меѓу Заев и Мицотакис бил ставен на заклучоците од Самитот на ЕУ. 

„Дискусијата се фокусираше на неодамнешните заклучоци од Европскиот совет на 17 и 18 октомври, при што премиерот ја потврди долгогодишната позиција на нашата земја за поддршка на европската политика за проширување со Западен Балкан, што ќе придонесе за обезбедување мир, стабилност и просперитет во поширокиот регион. Исто така, спомена дека Грција играше и ќе продолжи да игра активна улога во секоја насока за да се обезбеди овој тек. Мицотакис ја повтори неговата критика за Договорот од Преспа, но истакна дека од моментот кога ги обврзува двете земји е предуслов за европски тек, треба да се спроведе и да се избегнуваат постапки кои ја одржуваат тензијата”, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.

Оттаму, како што пренесува МИА од Атина, додаваат дека двајцата премиери се согласиле дека зацврстувањето на добрососедските односи како и регионалната соработка остануваат суштински критериуми за сите фази на пристапниот процес, но и за зајакнување на нашите билатерални односи.

Мицотакис и Заев ја изразиле заемната волја за развој на економските и трговски односи меѓу двете земји, како и за спроведување на проекти што би ја олесниле поврзаноста во регионот во корист на билатералната трговија.

Средбата Заев – Мицотакис се одржа во рамки на четвртиот Самит во Солун.

 

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе