Заев од првиот Скопски економски форум: Потребен ни е Балкан кој живее во сегашноста

Премиерот Зоран Заев на денешното отворање на Скопскиот економски форум ја упати истата порака од Делфи самитот во Атина дека е потребен економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ, дополнета со „Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднина, а минатото е поука дека поделби и раздори не водат никаде“.

Северна Македонија, како што рече, ги негува европските вредности, демонстрира европски манири, политичка волја и гради добрососедски односи неопходни за економски просперитет и подобар стандард за граѓаните.

„Нашата земја ги исполни сите услови за почеток на преговорите по поглавјата за членство во ЕУ, што е безусловно потврдено од Европската комисија, како и од огромно мнозинство на 26 од вкупно 27 земји членки. Сакам да им се заблагодарам на сите земји членки од ЕУ кои ни ја даваат безрезервната поддршка овој процес да започне уште во текот на актуелното претседателство, со Португалија или претседателството што следува со Словенија“, рече Заев, изразувајќи посебна благодарност и за континуираната поддршка од САД.

На првиот економски форум во Скопје тој упати порака до инвеститорите да ги искористат можностите и да го вложат својот капитал во Македонија.

„Владата креира поволен деловен амбиент и еднакви услови, како за домашните, така и за странските инвеститори. Националната економија е стабилна и расте. Постигнавме висок раст за сите инвеститори со вкупно производство од слободните зони што достигна 3,4 милијарди евра во 2020 година. Инвестициите учествуваат со 46 проценти во вкупниот извоз на национално ниво и со близу осум проценти во националното БДП“, истакна Заев.

Поволностите за инвестирање во индустриските развојни зони, според него, се препознаени од сите инвеститори, дополнително на ниските даноци од 10 проценти, како и некои ослободувања од данок на добивка и до десет години.

Основачот и претседател на Делфи економскиот форум Симеон Г. Цомокос, на отворањето порача дека основна цел на Форумот е да ги спои политичките и бизнис лидерите од регионот на едно место, каде ќе дискутираат за конструктивен и поплоден начин за политичко унапредување на Југоисточна Европа.

Претседателот на грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија Арис Влакос, порача дека грчките бизниси во изминатите неколку години придонесуваат во економскиот раст на земјата, инвестирајќи во клучни индустрии, како енергетскиот и банкарскиот сектор, индустријата и трговијата.

„Грчките инвеститори моментално имаат заеднички инвестиран капитал од пет илјади милиони евра и генерираат околу 25 илјади нови работни места. Би сакале да видиме како овој тренд се зголемува, како и повеќе регионални иницијативи за соработка и инвестиции, што ќе го поттикнат растот на земјата“, изјави Влакос.

Скопскиот економски форум насловен „Нова зора: Поставување темели на стабилност и просперитет“, е иницијатива на Економскиот форум Делфи во соработка со грчката бизнис асоцијација во земјава.

 

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе