Заев: Од прашањето со Бугарија нема да правиме националистички спектакл

Вистинските политичари мора да му дадат шанса на процесот и да најдат начин да се согласат, порача денеска премиерот Зоран Заев.

На прес-конференцијата во Владата, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека вчера во Софија имало конструктивни разговори во пријателска атмосфера и се надева дека така ќе продолжат.

„Искуството од преговорите со Грција ми кажува дека вистинско решение е ако двете страни излезат како победници, сега уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, ќе продолжиме да разговараме но не преку јавни препукувања. Ќе информираме суштински, но нема да правиме шоу. Удирањето во гради е атрактивно но не ја зголемува шансата за решение“, рече Заев.

Според него, нашите јасни позиции се да продолжиме да работиме со Бугарија.

„Македонскиот идентите е гордост и ќе остане така. Без да правиме националистички спектакл за ова прашање“, вели Заев.

Тој очекува овие денови да се интензивираат разговорите и до 17 да се обидат да постигнат решение.

„Верувам до 17 ноември имаме време да најдеме решение. Убаво е да постигнеме, ако не остануваат можностите до декември“, додаде тој.  

Истовремено апелираше да се „стишат“ реакциите на социјалните мрежи.

 

 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе