Заев од Пеленица: Работиме со срце и одговорност, повикувам на државотворно однесување од сите

Еве ја Република Северна Македонија пред позитивната одлука за датум за почеток на преговорите со Европската унија. Еве сме на заокружувањето на интеграциите, како 30-та земја членка на НАТО. Еве сме во процес на економски развој - растат плати, детски додатоци, социјална помош, растат странски инвестиции. Имаме, и тоа какви причини, денес посебно, во три децениската независност, да се чувствуваме и достоинствено, и среќно, и мотивирано - убаво, порача премиерот Зоран Заев од прославата на 8 Септември во Пеленица, организирана од СДСМ.

„Оваа наша држава, за две години, на затекнатите рушевини успеа да ги обнови мостовите дома, мостовите со соседите, со регионот, мостовите кон светот. После децениска изолација и сиромаштија, почнавме интеграциско развојно темпо што не можеше ни да се замисли. Се случуваат и интеграции и развој.

Придонесот за напредокот на нашата држава е на сите граѓани, на сите влади, на сите партии од осамостојувањето на државата – нечии придонеси поголеми, нечии помали”, порача Заев.

Овој историски напредок, како што рече, поставен на аманетот на претците, што со гордост ќе го предадеме во аманет на идните генерации, е можен само со државотворна партија, каква што е Социјалдемократскиот сојуз.  

„И не фалба, реалност е, државата успева кога Владата ја води или е дел од неа, СДСМ. Затоа што, едно е да си голема партија, а друго е да си државотворна партија. Првото значи бројки. Второто значи и срце и одговорност. Тоа што државата успева кога СДСМ успева не е само поради бројноста на приврзаниците, туку поради срцето и одговорноста со коишто работиме за нашата родна земја. Тоа е вистински патриотизам, на дело”, изјави тој.

Пред граѓаните Заев додаде дека има уште многу да се сработи и нема простор да се биде комотен. 

„Повикувам, посебно во значајниот период пред нас, на совесно и одговорно, државотворно однесување од страна на секој граѓанин, на сите политички партии, организации, во името на добрата иднина на сите нас, во име на доброто на Република Северна Македонија и на сегашните и идните генерации”, рече Заев.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе