Локални избори

Заев од Битола: Со интензивно темпо за најдоброто од централно на локално ниво

Вечерва овде од градот на конзулите, заедно со нашите кандидати за градоначалници, ја бараме вашата поддршка – на претстојните локални избори да направиме уште еден чекор Напред, да го избереме најдоброто за секоја општина, порача вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев на промоцијата на кандидатите за градоначалници, во Битола.

Претседателот Заев истакна дека СДСМ преку Владата и институциите во овие четири години постави стандарди на одговорно и отчетно управување со државата.

„Ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот, расте животниот стандард. Земјата заедно ја поставивме во вистинскиот правец. Патот е прав. Конечно тргнавме напред. Одиме напред. И нема дилема. Најдоброто е можно единствено напред. Република Северна Македонија покажа дека може да го испорача најдоброто за своите граѓани, но и за регионот и светот. Резултатите што ги постигнавме изминативе неколку години беа најдоброто за државата од осамостојувањето до денес. Затоа и одговорноста на секој од нас да продолжи трендот на најдоброто од централно на локално ниво со интензивно темпо е голема, а голем и важен е и влогот на секој од нас во овој процес“, порача Заев.

Тој се осврна и на поддршката на централната власт кон општините што резултира со засилен економски раст.

„Од централниот Буџет обезбедивме средства да ги раздолжиме општините. Обезбедивме дополнителни 500 милиони евра за нови проекти на локално ниво. Преку ТАВ програмата насочивме 35 милиони евра за 94 проекти во општините ширум државата. Преку Светска банка и Европската инвестициска банка обезбедивме и нови 70, плус 100 милиони евра за локални улици, патишта водоводи канализации, пречистителни станици. Проектот за поддршка и развој на туризмот во вредност од 25 милиони евра е во завршна фаза. Директните буџетски капитални програми за локални, општински, проекти изнесува 100 милиони евра“, заклучи Заев.

 

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе